Легендарниот француски фудбалер, Роберт Пирес се прослави носејќи го дресот на Арсенал каде што пристигна во 2000 година од Марсеј кој тоа лето доби понуди од Реал Мадрид и Јувентус.
Меѓутоа на крајот Пирес се одлучил за трансфер во Арсенал кој беше предводен од Арсен Венгер и веќе неколку пати изјавуваше дека тоа е најдобрата одлуката која ја направил во неговата кариера. Сепак, за Пирес во летото 2000 година не било така едноставно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Пирес покажувале Реал Мадрид, Јувентус и Арсенал, а интересно е што тогаш на лондонскиот клуб му се давале најмали шанси да го доведе. Денес Пирес откри што се случувало еден ден во 2000 година…
„Јавноста во Шпанија сакаше да преминам во Реал Мадрид и во Франција мислеа дека тоа ќе се случи. Дури неколку пати и јас верував дека судбина ми е да играм за Реал Мадрид. Еден ден на аеродромот добив дрес од шпански фотограф, тој направи неколку слики и мислеше дека има ексклузива“.
„И самиот мислев дека одам во Реал, но два или три дена подоцна се се промени. Добив повик директно од Венгер и веднаш ја сменив одлуката. Поради него преминав во Арсенал и тоа е мојата најдобра одлука во кариерата. Реал во тоа време беше како некоја цел и денес се еден од најдобрите клубови во светот, но јас го избрав Арсенал. Многумина, па дури и моето семејство ми кажуваа дека сум луд што сум направил такво нешто, но на крајот се покажа дека тоа беше фантастична одлука“, открива Пирес.
Пирес дресот на Арсенал го носеше шест години настапи на 189 натпревари и постигна 62 погодоци.