Главна тема теме денес во спортските медиуми секако е вчерашното исклучување на Кристиано Роналдо во натпреварот против Валенсија.
Судијата Феликс Брих одлучи да го исклучи Роналдо во 30-тата минута после сугестија од помошникот. Црвениот картон предизвика бес и солзи кај Португалецот кој упорно кажуваше дека ништо не направил, во фудбалскиот свет преовладува мислењето дека овој пат Роналдо е во право.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
При изглегувањето од теренот во тунелот Роналдо беше пречекан од потпретседателот на „старата дама“ и поранешна легенда на Јувентус, Павел Недвед.
Италијанските медиуми денес пишуваат и дека Недвед дури имал намера да се пресмета со дуијата Брих на полувремето.
На Апенините се пишува дека судиите по завршувањето на првиот дел веднаш заминале во соблекувалната и успеале да избегнат контакт со претставниците на „старата дама“.
За Роналдо ова беше првиот црвен картон во Лигата на шампионите во неговиот 154-ти натпревар.