Дома Фудбал Останато Легендарниот Французин: Се срамам од прес конференцијата на Мбапе

Легендарниот Французин: Се срамам од прес конференцијата на Мбапе

Не стивнуваат критиките на сметка на француската репрезентација после серијата на лоши резултати, особено кон капитенот и прва ѕвезда Килијан Мбапе.

Фудбалерот на Реал Мадрид, пред мечот против Италија беше прашан каква реакција очекува од навивачите на „Паркот на принцовите“, а тој одговори дека не го интересира што мислат фановите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ова го налути поранешниот репрезентативец и легенда на Франција, Биксант Лизаразу.

„Пресконференцијата на Мбапе ме изненади и ме засрами како Французин. Употребените зборови беа несоодветни. Тоа не се зборови кои ги употребува лидер, а уште помалку капитен.Не може да бидете бесчувствителни кон чувствата на навивачите за националниот тим. Не може да бидете безгрижни, мора да им дадете надеж, треба да ја сочувате емотивната врска меѓу националниот тим и публиката. Зборовите кои ги употреби се неадекватни“, изјави Лизаразу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат фаворитот за освојување на пехарот во Лигата на шампиони

Првите дуели од четвртфиналето на Лигата на шампионите донесоа навистина спектакуларни нат…