Дома Фудбал Останато Легендарниот Сколари ја прекина пензијата, ќе тренира клуб на 74 години

Легендарниот Сколари ја прекина пензијата, ќе тренира клуб на 74 години

Легендарниот бразилски стратег, Луис Фелипе Сколари кој со „Кариоките“ ја освои светската титула одлучи да се врати од тренерска пензија и го презема бразилскиот клуб, Атлетико Минеиро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сколари потпиша договор до 2024 година, а пред овој ангажман работеше како технички директор во Атлетико Параненсе од Бело Хоризонте.

Минатата година Атлетико играше финале во Копа Либертадорес и тој најави пензионирање од фудбалот. Сепак, набрзо одлучи да ја прекине пензијата и повторно да се врати на тренерската работа.

Со Бразил, Сколари ја освои светската титула, но беше селектор на оваа селекција и кога изгубија од Германија со 7:1 во полуфиналето на Мундијалот во 2014. Ја водеше и репрезентацијата на Португалија со која играше финале на ЕП 2004 и полуфинале на СП 2006 година.

Во клупската кариера ги освојуваше бразилските Серија А и Копа Либертадорес со Фремио и Палмеирас, но и кинеската лига и азиската Лига на шампиони со Гвангажу Евергранде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…