Дома Фудбал Останато Легендарниот Романец: Го одбив Реал зошто не знаев дека е голем клуб

Легендарниот Романец: Го одбив Реал зошто не знаев дека е голем клуб

Георге Попеску е еден од најдобрите романски фудбалери во историјата, а во неговата кариера натапуваше за ПСВ, Барселона, Тотенхем, Галатасарај и Лече за кариерата да ја заврши во Хановер во 2003 година.

На почетоците од неговата кариера тој имал прилика да потпише за Реал Мадрид. Тоа се случувало во 1990 година, тогаш место во Шпанија во Реал тој се преселил во ПСВ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Звучи чудно но сега тој откри дека го одбил Реал затоа што не знаел дека станува збор за гигант.

„Реал Мадрид сакаше да ме доведе и испрати понуда, но јас во тоа време не знаев дека тие се европски гигант. Немав многу информации затоа што ние бевме комунистичка држава, едноставно не бев свесен. Зборував со луѓето од клубот, ми ја претставија понудата, а јас ги одбив. Не жалам затоа што секако направив голема кариера“, откри Попеску.

После ПСВ тој се пресели во Барселона, а во Каталонија одигра 68 натпревари и постигна девет гола што за стопер и не е така лош учинок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капело смета дека Босна и Херцеговина е полесен противник од Велс за Италија

Познатиот тренер ја истакнува добрата техника на репрезентацијата на БиХ, за која верува д…