Дома Фудбал Лига на шампиони Легендарната сина копачка и денот кога „Олимпико“ беше среќен за Меси и Барселона…(Фото+Видео)

Легендарната сина копачка и денот кога „Олимпико“ беше среќен за Меси и Барселона…(Фото+Видео)

Некогаш „Олимпико“ беше среќен за Барселона и Лионел Меси…

Лионел Меси пред девет години на римски „Олимпико“ го постигна вториот гол за Барселона во финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Аргентинецот погодокот го прослави носејќи сина копачка во раката.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Меси тогаш беше и тоа како среќен, Барселона го победи Манчестер Јунајтед во финалето и застана на тронот на Европа, Лео го постигна вториот гол.

Тоа беше гол со глава кој го постигна кога на голот на „ѓаволите“ беше Едвин Ван Дер Сар, култен гол и култна слика која го обиколи светот.

Аргентинецот го прослави носејќи сина копачка во раката. При доскокот остана без десната копачка, Меси ја зема во рака и трчаше кон навивачите на Барселона.

Девет години подоцна, Меси на истиот стадион го доживеа еден од најтешките порази во кариерата…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Атлетик“ објави дека Енрике е најдобар тренер за 2025 година

Шпанскиот стратег Луис Енрике е добитник на престижното признание „Најдобар тренер на годи…