Поранешниот селектор на германската репрезентација Јоаким Лев изгледа кариерата ќе ја продолжи во клупскиот фудбал.
Во претходните денови се пишуваше дека Лев може да седне на клупата на турскиот гигант Фенербахче. Овој клуб е опција, но шпански „АС“ наведува 62-годишниот стратег чека понуда од Ла Лига или Прмиер лигата. Наводно Лев веќе почнал да посетува часови по шпански јазик во случај да добие прилика да води клуб во Примера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инаку, евентуален ангажман во Турција во Фенербахче не би бил непознат за Лев затоа што овој клуб го водеше во сезоната 1998/1999. Во германската репрезентација Лев е од 2004 година, две години беше асистент за од 2006 да седне на селекторското столче се до 2021.
Останува времето да покаже каква ќе биде одлуката на германскиот стратег.