Дома Трансфер зона Леви збеснал, Кејн чекор поблиску до Баерн

Леви збеснал, Кејн чекор поблиску до Баерн

Капитенот на Англија и легенда на Тотенхем, Хари Кејн е за уште еден чекор поблиску до преселба во Баерн Минхен, тврдат германските медиуми.

Одличниот напаѓач, според информациите на „Билд“ веќе се согласил на трансфер во редовите на шампионот на Германија. Но, за трансферот да се реализира мора и двата клуба да се договорат за оштетата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претходно Тотенхем одби понуда од 70 милиони евра, но тоа не го откажа Баерн и спремни се да го зголемат износот.

„Билд“ пренесува и дека Леви побеснел кога дознал дека Кејн уште во мај имал средба со тренерот на Баерн, Томас Тухел кој му ставил до знаење дека сака да го види во својот тим.

Како што стојат работите, Леви изгледа ќе мора да прифати продажба на Кејн летово за да него изгуби бесплатно наредното, напаѓачот веќе одби да потпише нов договор. Во дресот на Тотенхем, англискиот голгетер одигра 436 натпревари и постигна 280 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…