
Пандемијата со коронавирусот која вледаа ширум светот финансиски погоди голем дел клубови.
Многу фудбалери се разделуваат со своите најголеми ѕвезди со цел да ги решат финансиските проблеми. Една од тие екипи е Леванте која мора да пријави дополнителни 16.5 милиони евра за да влезе во рамките на финансискиот фер-плеј.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во шпанските медиуми се шпекулира дека во клубот размислуваат за продажба на неколку подобри фудбалери со цел да се подобри ситуацијата. На листата фудбалери кои можат да бидат „жртвувани“ се најде и Енис Барди.
Претходниот период името на Барди се поврзуваше со екипи како Арсенал, Њукасл, Јунајтед, Валенсија, Фенербахче и Галатасарај.