Дома Македонски спорт Леванте чека Барди да блесне на ЕП за добро да заработи

Леванте чека Барди да блесне на ЕП за добро да заработи

Шпански Леванте се надева дека македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе одигра добро Европското првенство за Македонија.

За заминување на Барди од Леванте се шпекулира веќе некое време, а во овој момент неговата цена на трансфер пазарот е околу 15 милиони евра. Во Леванте се надеваат дека Македонија ќе одигра добро Европско првенство со цел да ја крене цената.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Леванте многу зависи од настапот на македонскиот репрезентативец кој одигра добро и ако блесна сигурно повеќе клубови ќе тропнат на вратата на Леванте. Леванте има дупка од 16 милиони евра која мора да ја пополни до 30 јуни. Барди тој проблем може да го реши“, пишуваат медиумите во Шпанија.

Ќе потсетиме Барди во Леванте дојде во 2017 година за 1.5 милион евра од Ујпешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…