Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски после хет-трикот го предупреди Баерн Минхен

Левандовски после хет-трикот го предупреди Баерн Минхен

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски почна со хет-трик во Лигата на шампиони (ЛШ) во дресот на Барселона, а сега со нетрпение го чека дуелот против неговиот поранешен клуб Баерн Минхен.

Барселона во вторник оди на гости во Минхен, каде што Левандовски се враќа на „Алијанц Арена“, но овој пат е во противничка екипа.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Се чувствувам одлично. Веќе со мислите се фокусирам на дуелот против Баерн. Ќе биде комплицирано, но подготвен сум“, кажа Левандовски.

Барселона нема добри спомени против Баерн Минхен, откако последниот меч го загуби со неверојатни 2-8 на 14 август 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Македонски фудбалери го прогнозираа исходот на натпреварот со Велс – еве какви се нивните очекувања!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од квалификации…