Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски откри зошто на крајот на минатата сезона и во почетокот на летото посакувал да го напушти клубот.
Левандовски пред почетокот на летниот трансфер период лично, а и преку својот агент порача дека е спремен за нова авантура и промена на средината, но на крајот сепак остана во Баерн Минхен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Точно е дека со Пини Захави се договоривме да ја променам средината и да побарам трансфер. Се решивме на еден ваков чекор бидејќи во тие моменти повеќе не се чувствував добро во Минхен. Во април и мај, пристигнуваа критики од сите страни. И чувствував дека не сум доволно заштитен од клубот. Се почувствував осамен“.
„Не постигнав гол на два-три важни натпревари и одеднаш сите почнаа да ме критикуваат. Никој од лидерите на клубот не мрдна за да ме одбрани. Многу работи се собраа, се чувствував како да сум во Баерн само една сезона и како да немам ништо сторено за клубот. Затоа размислував за заминување“, објасни Левандовски.
„Сега се враќам со сето свое срце. Забележав како овде во Минхен навивачите се зад мене и сфаќам дека тие се уште ме сакаат во тимот. Никогаш не би штрајкувал или создавал други проблеми на клубот. Сега веќе нема да губам време во мисли за напуштање“, додаде Левандовски во изјава за „Билд“.