До крајот на мундијалските квалификации селекцијата на Полска ќе одигра уште два натпревари – на гости проитив Андора и дома со Унгарија.
Пред натпреварот против аутсајдерот Андора на прес-конференцијата зборуваше првата ѕвезда на полската репрезентација, напаѓачот на Баерн Минхе, Роберт Левандовски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Денес е тешко да се игра на високо ниво на секои три дена. И ние фудбалерите сме луѓе, не сме машини. Мислам дека новите генерации ќе се борат да се научат да функционираат така. Нормално е да се има падови во формата, играчите не можат постојат да го даваат најдоброто, таквиот ритам носи и повреди“, истакна Левандовски.
Како што стојат работите во оваа група Полска веројатно ќе оди во баражот затоа што тешко е да се очекува дека Англија ќе си дозволи киксеви против Албанија и Сан Марино.