Роберт Левандовски го прекина молкот и престана со дипломатските изјави околу „Златната топка“.
Очигледно е дека Левандовски воопшто не е задоволен со второто место во изборот за престижната награда, сега тоа и јавно го зборуваше во разговор за полскиот канал „Sportwym“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога во прашање се моите чувства и емоции бев лошо минатата недела. Нема да лажам, бев тажен. Не беше лесно да се игра против Борусија без среќата која ми недостасуваше. Не бев спреќен, напротив…Толку сте блиску и се борите со така голем играч како Меси и стигнуваат коментари дека ја заслужувам наградата…Фактот што се борам со него е индикатор на моето ниво и тоа ме прави горд. Сепак, во себе чувствував тага која не траеше ден или два, туку подолго“.
Го прокоментира потоа Левандовски коментарот на Меси дека Левандовски требало да ја добие „Златната топка“ минатата година.
„Би сакал тоа да беше искрена изјава од голем играч, а не само зборови. Не сакам да се возбудувам. Да се биде толку блиску, а повторно далеку остава горк вкус. Потребно ми е време за се што носам во себе“, изјави Меси.