Роберт Левандовски и Лионел Меси беа ривали во борбата за „Златната топка“, меѓутоа тоа не му пречи на полскиот голгетер да испрати пофалби до Аргентинецот.
Левандовски пред Светското првенство во Катар даде интервју во кое изрази желба да игра со Меси во тимот, а Аргентина ја гледа како еден од фаворитите на Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека оваа Аргентина со Меси во тимот е меѓу најголемите фаворити за освојување на Светското првенство. Тие се непобедливи повеќе од 30 натпревари, повеќе од три години, играат одлично и има посебна енергија меѓу нив“, изјави Левандовски.
Тој индиректно повика Меси да се врати во Барса.
“Не знам што носи иднината, но за еден напаѓач е остварување на сонот да игра со Лео Меси. За мене тоа е една од моите најголеми желби, без сомнение. Меси знае како да ги пробии линиите со магични додавања, во тоа е најдобар на светот. Секој напаѓач станува уште подобар покрај него во тимот“, истакна Левандовски.