После осум години Роберт Левандовски го напушти Баерн Минхен и тоа на не баш начин на кој се очекуваше.
Подолго време Левандовски се убедуваше со раководството да го пушти во Барселона. Во јавноста се шпекулираше дека несогласувањата на Левандовски и клубот започнале затоа што Баерн сакал да го замени со Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, полскиот голгетер тврди дека тоа не е вистина.
„Не, тоа не е вистина. За мене вистината е најважна, па дури и тогаш кога е лоша за мене. Не сакам да откријам што точно се случуваше, но Халанд не е причината. Не гледам зошто би имало проблем ако Халанд дојдеше во Баерн. Одредени луѓе во Баерн постојано ме лажеа. Сакав се да биде чист, а на некои тоа не им одговораше. Почувствував дека дојде вистинскиот момент да си заминам. За мене се зборуваа многу глупости и лаги, но не ме интересира затоа што знам дека навивачите се на моја страна“, изјави Левандовски.