Се поздрави со навивачите и соиграчи, а на конференцијата за медиумите после поразот во НБА финалето од Вориорси најави дека би можел да ги напушти Кавси со цел да создаде супер-тим кој конечно ќе ја прекине доминацијата на Голден Стејт.
Во обложувалниците доминираат коефициентите за тоа каде Џејмс ќе игра следната сезона, а при тоа неговиот актуелен клуб се наоѓа на четвртата позиција. Ѕвездите на противничките екипи го повикуваат да им се придружи и да ги одведе до титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леброн на 33 години и 15 години од кариерата го чека голема одлука. Ќе остане ли во својот Кливленд или ќе замине во потрага по нов предизвик во кариерата и клуб кој ќе го плати најмалку 35 милиони долари по сезона?
Иако Леброн се уште ништо не открива се укажува на тоа дека одлуката е веќе донесена и дека Џејмс по втор пат ќе го напушти Охајо. Прашањето е само – каде?
„Кралот“ финалниот натпревар го напушти на четири минути пред крајот кога натпреварот веќе беше одлучен и доби овации од целата сала, покрај тоа се поздрави со соиграчите и испрати честитки до противникот. Ваквиот потег може да се протолкува и како поздрав за крај на сезоната, но ова повеќе изгледа на збогум, а не на довидување…
Крис Шердиан е еден од најдобро упатените новинари кога е НБА во прашање уште минатата година во август објави: Ова е последна сезона за Леброн во Кливленд. Заминува 100%. Неговиот однос со сопствениците е нарушен“.
Победникот Леброн е притиснат од потребата за нов предизвик и трофеи. Бидејќи шампион како најдобриот кошаркар на денешницата, за многумина и во историјата не се здоволува со пласман во финалето. Џејмс оваа сезона направи подвиг, дури и за спортист со неговите способности и квалитети. Практично сам доведе подпросечен тим до големото финале, а таму одигра и три натпревари со скршена рака, каде што исто така беше одличен.