Андре Драмонд беше шокиран од неговиот трејд во Кливленд после осум сезони поминати во Детроит.
Драмонд како деветти пик Пистонси го избраа на драфтот во 2012 година. Беше во идеалниот руки тим, а два пати настапи на „Ол-Стар“ натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И покрај тоа што осум сезони беше едно од лицата на франшизата трејдуван е во Кливленд без ништо да му биде претходно соопштено. Разочараниот центар се огласи на Твитер.
„Ако постои единствената работа која ја научив во НБА е тоа дека тука нема пријатели и лојалност. Го дадов срцето и душата за Пистонси, а ова што го направија без никаква најава ми помогна да сфатам дека ова е само бизнис. Те сакам Детроит“, напиша 27 годишниот центар.
Драмонд за Детроит одигра 542 натпревари со просек од 14.1 поени и 13.7 скокови по натпревар.
If there’s one thing I learned about the NBA, there’s no friends or loyalty. I’ve given my heart and soul to the Pistons , and to be have this happen with no heads up makes me realize even more that this is just a business! I love you Detroit…
— Andre Drummond (@AndreDrummond) February 6, 2020