Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс изби на третото место на листата најдобри стрелци во НБА лигата, откако против Филаделфија постигна 29 коша и сега има вкупно 33.644 или 11 повеќе од Коби Брајант.
Лос Анџелес Лејкерс загуби со 108:91 на гостувањето кај Филаделфија, но натпреварот помина во знакот на Леброн Џејмс кој стана третиот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џејмс во поразот постигна 29 поени и застана на бројката од 33.655 поени, 11 повеќе од Коби Брајант, а пред него се уште само Карл Мелоун со 36.928 поени и Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.
Останати резултати:
Јута – Далас 112:107,
Детроит – Бруклин 111:121,
Кливленд – Чикаго 106:118,
Минесота – Оклахома 104:113.