Иако се очекуваше Златан Ибрахимовиќ да се врати во Европа, тој одлучи да остане во САД.
Ибрахимовиќ се поврзуваше со Милан и се пишуваше дека на „Сан Сиро“ би можел да се пресели во јануари, но сепак Ибра одлучи да остане член на Галакси.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Овој клуб денес објави дека шведскиот напаѓач потпишал нов договор.
„Мило ни е што можеме да објавиме дека Златан потпиша нов договор со кој се враќа во клубо. Се радуваме што ќе го носи нашиот дрес и во 2019 година. Со враќањето на Златан нашиот тим ќе продолжи да се подобрува“, соопштија од Галакси.
Ибрахимовиќ во 2018 година постигна 22 гола и запиша 10 асистенции на 22 натпревари во МЛС лигата. Тој во март потпиша за ЛА Галакси каде што дојде од Манчестер Јунајтед.
It's official. He's back.#LAGalaxy sign @Ibra_official to new contract: https://t.co/K3TAE2PxKk pic.twitter.com/5pcScYRXQB
— LA Galaxy (@LAGalaxy) December 18, 2018
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!