Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник потврди дека германскиот клуб нема намера да го пушти Набу Кеита во Ливерпул во јануарскиот преоден рок.
Уште во текот на летото „црвените“ го договорија трансферот на Кеита за 55 милиони фунти, но според договорот играчот треба официјално да премине во Ливерпул следното лето.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Неодамна се појавија информации дека клубот од „Енфилд“ ќе се обиде уште во јануари да го донесе играчот за врска во своите редови, особено ако Лајпциг отпадне од ЛШ.
„Дури и ако бидеме елиминирани во групната фаза од Лигата на шампиони нема смисла да му дозволиме на Кеита да се пресели во Ливерпул по рано. Сакаме повторно следната сезона да се пласираме во евротурнирите и Наби е многу важен играч за нас“, изјави Рангник.