Претседателот на Лајпциг, Оливер Минтцлаф категорично потврди дека Кристофер Нкунку нема да го напушти клубот ова лето.
23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа сезона на 44 меча постигна 30 гола и запиша 19 асистенции и за него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал, Милан и Интер.
Сепак, директорот на Лајпциг тврди дека Нкунку не е на продажба и сигурно ќе остане во клубот ова лето.
„Кажав неколку пати, Нкунку ќе биде играч на Лајпциг и следната сезона. Тој беше еден од најдобрите наши играчи оваа сезона и ќе продолжи да се развива со нас и следната сезона“, изјави Минтцлаф.
🚨 Manchester United, AC Milan, Inter Milan and Arsenal are all showing strong interest in signing RB Leipzig forward Christopher Nkunku.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 21, 2022
(Source: Fichajes) pic.twitter.com/u2bNOJjxE2