Дома Трансфер зона Лајпциг брзо пронајде замена за Олмо: Пристигнува француски репрезентативец

Лајпциг брзо пронајде замена за Олмо: Пристигнува француски репрезентативец

Лајпциг е познат како клуб кој често знае да лансира квалитетни фудбалери, последен е случајот на Дани Олмо кој се сели во Барселона, а германскиот клуб изгледа брзо пронајде негова замена.

Замената за Олмо би можела да дојде до француското првенство. Станува збор за Рајан Черки, фудбалер на Лион кој учествуваше и на овогодинешните натпревари на француската репрезентација на Олимписките игри.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во Париз на два натпревари влезе од клупата, а претходно ги помина сите младински селекции на Франција. Два настапи имаше и за „А“ селекцијата на „Триколорите“ за која дебитираше на 30 јули годинава.

Черки е по потекло од Алжир и многумина го сметаат за следната ѕвезда на францускиот фудбал. Најавите се дека Лајпциг би можел да плати околу 15 милиони евра, плус два како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…