После продажбата на Фелипе Андерсон кој замина во Вест Хем, местото во екипата на Лацио остана празно, а касата полна.
Сега, Клаудио Лотито сака на Симоне Инзаги да му обезбеди замена за Фелипе Андерсон, а во италијанските медиум сензационално се споменува името на Себастијан Џовинко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер веќе три години настапува за Торонто во МЛС лигата каде што прикажува феноменални настапи, па сега би можел да добие можност повторно да се докаже во Јувентус.
Единствено проблем за трансферот би можеле да претставуваат високите примања на фудбалерот. Џовинко во Торонто добива околу седум милиони евра и доколку се одлучи да го облече дресот на Лацио веројатно ќе мора да ги спушти своите барања. Но, тоа во овој момент е само претпоставка.
Џовинко во Серија А го носеше дресот на Јувентус, Парма и Емполи а откако не успеа да се избори за место во тимот на „старата дама“ се одлучи за трансфер во Торонто.
#Lazio look to Sebastian Giovinco in hunt for Felipe Anderson replacement – written by: @snhw_ https://t.co/mT4aqDNeRv pic.twitter.com/96EXrUyyDS
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) July 16, 2018