Дома Фудбал Италија Лацио остана без тренер, Сари поднесе оставка

Лацио остана без тренер, Сари поднесе оставка

Маурицио Сари поднесе оставка на местото тренер на Лацио, по поразот во Серија А на домашен терен од Удинезе со резултат 2:1.

Лацио моментално е деветти на табелата со мали шанси да избори пласман во Европа следната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред само неколку дена римскиот клуб се прости од учеството во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Баерн Минхен.

Сари попладнево ги информирал челниците на Лацио за својата намера. Тој се жали на недоволна поддршка од раководството за да му обезбеди тим согласно очекувањата, кои кога се работи за Лацио, секогаш се високи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…