Дома Видео Лацио во ЛШ после 13 години, Имобиле му побегна на Роналдо

Лацио во ЛШ после 13 години, Имобиле му побегна на Роналдо

Постот долг 13 години е завршен. Лацио повторно ќе игра во Лига на шампиони. Тоа стана сигурно после победата над Каљари со 2:1.

Работите не беа толку добри за Лацио после првите 45 минути игра бидејќи во самиот финиш на првиот дел гостите преку Симеоне стигнаа до водство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, на почетокот на вториот дел веднаш стигна одговор од Лацио. Фантастичен погодок за израмнување постигна Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Домашната екипа продолжи да притиска, а пресвртот го комплетираше Чиро Имобиле. Италијанецот погоди во 60. минута и така го постигна 31. лигашки погодок и зад себе на листата на стрелци го остави Кристијано Роналдо.

Со оваа победа Лацио го осигура четвртото место, бидејќи градскиот ривал Рома заостанува 11 бода на три кола пред крајот. Така, „Небесносините“ за прв пат после 2007. година ќе игра во групната фаза во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…