Роџер Федерер е најдобар спортист, а Серена Вилијамс најдобра спортистка во годината која е зад според изборот на фондацијата „Лауреус“.
Федерер кој одигра неверојатно во 2017 година го доби своето шесто признание од оваа фондација со што зацврсти својот рекорд кога е овој избор во прашање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарецот неодамна се врати на првото место на АТП листата, а доби и награда за „враќање на годината“ бидејќи го пропушти целиот втор дел од 2016 година поради повреда на коленото и грбот.
The Laureus World Sportsman of the Year is @rogerfederer! ?#Laureus18 pic.twitter.com/cU9Y6qVSrQ
— #Laureus18 (@LaureusSport) February 27, 2018
На денешната церемонија престижното признание во Монако му го предаде Борис Бекер.
Во женска конкуренција победничка беше Серена за која ова беше четврти пат во кариерата. Серена одигра само еден турнир и истиот го освои – Австралија Опен и покрај тоа што беше во вториот месец од бременоста.
The Laureus World Sportswoman of the Year is @serenawilliams! ?#Laureus18 pic.twitter.com/YHWQmSt5Ad
— #Laureus18 (@LaureusSport) February 27, 2018
За најдобар спортски момент е прогласен чинот направен псоле авионската несреќа која му се случи на фудбалскиот клуб Чапекоенсе, кога му беше доделен пехарот без да го одиграат финалето на Купа Судамерикана.
Parabéns!! As voted by you, the Laureus Best Sporting Moment of the Year is ‘Eternal Champions’! ⚽@ChapecoenseReal#Laureus18 pic.twitter.com/9i5yPsbaAn
— #Laureus18 (@LaureusSport) February 27, 2018