Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е незадоволен од трансфер политиката на Пари Сен Жермен.
Клубот веќе им ги украде на Каталонците Нејмар и Лионел Меси, а деновиве му зададе удар на Реал Мадрид во случајот со Килијан Мбапе.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Фудбалерите кои отидоа таму со долгорочни договори се согласуваат да станат робови. За пари. Нејмар е таков – има договор за уште 4-5 години“, изјави Лапорта.
„Истото важи и за Меси. Сите сакавме тој да ја заврши спортската кариера кај нас. Но, тоа беше невозможно поради правилата на финансискиот фер-плеј и поради понудата на ПСЖ која пристигна. Зад овој клуб стои цела држава (Катар) и таму имаат многу пари“, додаде претседателот на Барселона.
„Новиот договор на Мбапе го „искривува“ пазарот. На крајот играчите се „киднапирани“ за откуп. Сето тоа е спротивно на принципите на Европската унија“, незадоволен е Лапорта.