Дома Фудбал Лапорта: Му кажав на Куман дека му барам замена

Лапорта: Му кажав на Куман дека му барам замена

Она што се најавуваше во медиумите, Лапорта сега и го потврди – Барселона бара замена за Куман.

Лапорта изјави дека го известил Куман дека му бара замена на последниот состанок, но дека ако не му најде адекватна тој ќе остане на кормилото.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Да, му кажав на последниот состанок дека не е мој фаворит за оваа позиција и дека му барам замена, но дека може да остане додека не пронајдеме некого. Кон него секогаш се однесував со најголема почит и се обидов да бидам искрен. Така му кажав каков ми е планот“, изјави Лапорта.

Една од темите на прес-конференцијата беше и Лионел Меси.

„Мислам дека го цени нашиот труд. Правиме се што можеме да создадеме тим кој може се да освои. Меси бара средина во која сака да се чувствува пријатно. Сега повторно е насмеан, сака да освојува трофеи и мислам дека ние можеме тоа да му го понудиме“, порача Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново засилување за Струга – пристигна фудбалер од француски третолигаш (Видео)

Фудбалскиот клуб Струга Трим Љум продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а…