Во медиумите на големо се пишува за можниот отказ на Куман на клупата на Барселона.
Раководството на каталонскиот гигант е во потрага на наследник на Куман, а според информациите на шпанските медиуми тројца тренери веќе и кажале „да“ на Барселона. Единствен кој веднаш ја одбил понудата наводно бил Аргентинецот Марсело Гаљардо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерите кои искажале спремност да седна на клупата биле Чави Ернандез, Роберто Мартинез и Андреа Пирло. Најголем фаворит е Роберто Мартинез. Тој е голема желба на Лапорта, треба да се истакне дека претседателот не е премногу воодушевен од идејата да се доведе Чави.
Лапорта смета дека Чави се уште треба да собира искуство за да може најдоброто да покаже во Барселона. Андреа Пирло е единствениот слободен тренер во овој момент и со него најлесно може да се заврши работата. Останува да видиме што ќе се случува во наредните денови.