Шпанскиот дефанзивец Жерар Пике последните недели се најде во голем скандал откако беше објавено дека ја изневерил својата долгогодишна девојка Шакира.
Пике и Шакира се заедно 11 години и имаат два сина и навистина изгледаше дека уживаат во животот. Медиумите објавија дека Пике ја изневерил Шакира со позната пејачка за потоа двајцата да потврдат дека не се повеќе заедно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека сите овие работи не ѝ одат во прилог на Барселона пред почетокот на подготовките за новата сезона, но клубот го поддржа својот играч бидејќи поминува низ тежок период од животот.
Претседателот Лапорта сега одлучи јавно да го поддржи Пике.
„Пике во овие моменти многу страда. Јавноста за играчите има слика како тие се познати, полни со пари и имаат се што сакаат, но и тие се луѓе како сите. Пике е фантастична личност и еден од капитените, за овој клуб има дадено навистина многу. Минува низ непријатен период, заслжува поддршка и од навивачите, сите сакаме да му помогнеме“, порача Лапорта
Наводно, најтешко за Пике е фактот што Шакира сака да се пресели од Барселона и да се врати во Америка. Таа има куќа во Мајами и е решена да живее таму со децата, а Пике на секој начин се обидува да ја одврати од тоа бидејќи не сака неговите синови да бидат толку далеку од него.