Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најви дека Каталонците ќе бидат активни во летниот преоден рок.
Очигледно Лапорта е сигурен дека нема да имаат проблеми и не се грижи што клубот едвај се врати во границите на фер-плејот и што до неодамна дури им се закануваше и банкрот. Пред само една година Барселона беше во вкупен минус од над милијарда евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во обраќањето до јавноста Лапорта изјави:
„Ова лето ќе доведеме лево крило, стопер, напаѓач и веројатно играч за врска, зависи до понудата на пазарот. Сепак, мораме да знаеме дека нашите ресурси се ограничени. Абде Езалозули и Нико Гонзалес ќе се вратат на позајмица од Осасуна и Валенсија, тие ќе бидат во првиот тим затоа што тренерите ги посакуваат. Освен тоа обајвувам и дека на капитенот Серхио Бускетс ќе му биде понуден нов договор“, изјави Лапорта.
Сезонава на Барселона резултатски добро и оди и на табелата во Ла Лига по 24 кола има девет бода повеќе од Реал Мадрид. Исто така ги победија „кралевите“ и во првиот натпревар од полуфиналето во шпанскиот куп со 1:0.