Дома Трансфер зона Лампард ја потврди иднината на Жиру

Лампард ја потврди иднината на Жиру

Веќе подолго време се зборува за заминување на Оливие Жиру од „Стенфорд Бриџ“ бидејќи напаѓачот добива мала минутажа во Челзи.

Долго се зборуваше за негов трансфер во Интер, а последните денови беше поврзуван со трансфер во Тотенхем и Лацио.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, Челзи не успеа да донесе негова замена, па денес Лампард потврди дека Французинот останува на „Стенфорд Бриџ“ до крајот на сезоната.

Оливие Жиру беше неверојатен како професионалец, но и како човек, во текот на целиот преоден рок. Среќен сум што останува со нас“, истакна Лампард.

Жиру оваа сезона запиша само пет настапи во Премиер лигата и се надева дека во вториот дел од сезоната ќе добива поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…