Легендарниот англиски фудбалер, Френк Лампард, нема дилеми кога во прашање е најдобриот напаѓач во Премиер лигата во овој момент.
Расправата за тоа кој е најдобар напаѓач во Англија дополнително се прошири кога во Челзи ова лето пристигна Алваро Мората, сепак Френк Лампард нема дилеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мората во натпреварот против Атлетико Мадрид покажа класа, меѓутоа напаѓач број еден во Англија во овој момент е Хари Кејн“, изјави Лампард кој овој момент работи како стручен коментатор во „БТ Спорт“.
Да потсетиме, легендата на Арсенал, Тиери Анри, пак смета дека единствен напаѓач кој покажал класа во Премиер лигата е напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро.
Оваа сезона Кејн на осум натпревари за Тотенхем постигна девет погодоци и запиша една асистенција.