Дома Фудбал Англија Лампард: Не ми е гајле што вози и како се облекува Деле Али

Лампард: Не ми е гајле што вози и како се облекува Деле Али

Англискиот фудбалер, Деле Али во последниот ден од зимскиот преоден рок направи трансфер во Евертон.

Веднаш по пристигнувањето во Евертон Деле Али почна да добива критики. Јавноста го криткуваше затоа што на првиот тренинг на Евертон се појави со Ролс Ројс, критики имаше и за облеката со која се појави на Гудисон Парк.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, на Френк Лампард не му е грижа што вози и како се облекува Деле Али.

„Не ми е гајле што вози и како се облекува, се додека доаѓа на тренинг секој ден значи дека сака да напредува и ги почитува клубот и соиграчите. Сигурен сум дека дава се од себе за да се покаже во најдобро светло“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи во проблеми: Кол Палмер се повреди на бизарен начин, ќе биде отсутен најмалку недела

По завршувањето на репрезентативната пауза, Челзи ќе мора да продолжи без Кол Палмер барем…