Дома Фудбал Англија Лампард му честита на Мурињо, но не пропушти прилика да го „пецне“

Лампард му честита на Мурињо, но не пропушти прилика да го „пецне“

Легендарниот играч за врска Френк Лампард му беше омилен фудбалер на Жозе Мурињо, а сега ќе бидат ривали во Премиер лигата.

Лампард ова лето седна на кормилото на Челзи, а Мурињо пред два дена беше назначен за нов тренер на градскиот ривал Тотенхем.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Лампард смета дека враќањето на Мурињо во Премиер лигата е позитивно.

„Не ми пречи што Жозе се врати. Тоа е добро за Премиер лигата. Луѓе со карактер и квалитет како што е Мурињо се секогаш добредојдени“, истакна Лампард, кој потенцираше дека тој никогаш не би седнал на клупата на Тотенхем.

„Не, сигурно не. Мораме да го почитуваме неговото право на тоа да работи, но 13 години играв во Челзи и премногу го почитувам овој клуб и овие навивачи. Го почитувам Тотенхем, но никогаш не би работел таму“, заклучи Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повреди над 130 навивачи на прославата на Ливерпул, па доби 21 година затвор

Човекот кој повреди 134 лица кога со автомобил влета меѓу навивачите на Ливерпул што ја пр…