Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров  е задоволен од победата против Романија (32-24), но потенцира дека има и реванш на кој мора максимално внимателно да му е пристапи, ако сакаме да бидеме дел од Мундијалот.

Некој да ни го понудеше овој резултат пред меч, сигурно ќе го прифатевме со две раце. Среќни сме, задоволни сме, но свесни сме дека можевме и подобро. Направивме некои тешнички грешки. Треба да се одмориме овие два дена и сериозно треба да влеземе и на реваншот во Романија. Имаме солидна разлика. Примивме малку голови 24 и тоа е важно. Ќе направиме добра анализа, за да бидеме подготвени. Секој меч е нов и не треба да размислуваме за тоа колкава разлика имаме од првиот меч – рече Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реакција на „Комити“: На натпреварот Вардар – Тиквеш ќе има бесплатен влез за секој со македонско знаме!

Во викендот кој следи екипата на Вардар ќе игра натпревар против Тиквеш во рамките од 17. …