Дома Македонски спорт Лазаров: Одигравме машки, добриот резултат доаѓа од добрата одбрана!

Лазаров: Одигравме машки, добриот резултат доаѓа од добрата одбрана!

Македонија денес направи големо изненадување и против светскиот шампион славеше со 33:29 во квалификациите за Европското првенство.

Секако Кире Лазаров изрази задоволство за големата победа на неговото деби како играч-селектор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакам да им се заблагодарам на моите играчи и соиграчи, испочитуваа се што се договоривме. Благодарност и до мојот стручен тим кој помогна да се подготвиме максимално. Иако ова е предизвик за мене сепак не е лесно, позитивната енергија која ја чувстував помогна. Момците одиграа храбро, иако цел живот сум напаѓач овие четири дена инсистирав да играме одбрана. Им беше смешно затоа што јас им кажувам да играат добро во одбраната. Но, добриот резултат доаѓа од добрата одбрна. Победивме, но јас сум цврсто на земја. Сега да се наспиеме и да се одмориме за натпреварот со Данска на гости. Благодарност и до јавноста која веруваше во нас“, изјави Лазаров.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…