Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров за ЕП: Квалитетни сме и благи фаворити дури и против домаќинот, но треба да внимавме

Лазаров за ЕП: Квалитетни сме и благи фаворити дури и против домаќинот, но треба да внимавме

На денешната прес-конференција на која селекторот Данило Брестовац го соопшти скратениот список од 20 ракометари пред Европското првенство, присуствуваше и капитенот Кирил Лазаров.

Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Чешка и Украина. Тоа се репрезентации кои сме ги победувале, меѓутоа Лазаров повика на максимално внимание и покрај благата фаворитска улога која ја имаме.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Стручниот штаб можеше да види со што располагаме. Лично јас сум задоволен од она што го видов, мислам дека сме на добар пат. На ова ЕП мораме да имаме високи цели и ако ни се укаже шанса верувам дека ќе ја зграбиме. Знаеме дека сме квалитетни, пет наши ракометари играат во Бундес лигата. Имаме квалитет да ја поминеме првата фаза, ќе играме против репрезентации кои сме ги победувале, но мораме да внимавме. Благи фаворити сме дури и против домаќинот Австрија“, смета капитенот.

Лазаров го пропушти првиот дел од подготвките, а првиот настап за репрезентацијата ќе го има на 3. јануари кога нашата селекција ќе игра пријателски натпревар против Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…