Maкедонскиот капитен Кире Лазаров пред денешниот натпревар со Русија имаше интервју за хрватски „Индекс“.
Нашиот капитен од страна на Хрватите е претставен како единствениот ракометар со над 1.000 голови. Кире смета дека Червар со Хрватска може да стигне далеку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Шпанците имаат иста тактика со таа стана и европски шампиони, но Хрватска целосно ги надигра. Шпанците немаа идеја, Червар целосно ги надмудри, а беше убаво да се гледа как оигра Дувњак. Тој е еден голем ракометар. Хрватските медиуми тврдат дека Хрватска е слаба, но тоа нема врска тие се силна репрезентација. Морам да го пофалам Червар кој постојано пронаоѓа млади ракометари и брзо ги прави ѕвезди. Лино е еден од најдобрите тренери во историјата и треба да му верувате“.
Лазаров после го прокоментира и настапот на Македонија.
„Едноставно не се покажавме во најдобро светло, потфрливме. Имаме млад тим со неколку поискусни ракометари. Победивме на два натпревари, а со посилните бевме рамноправни во поголем дел од натпревар. Со Хрватска се надигрувавме 50-тина минути. Со ваков краток ростер тешко е да се игра 60 минути“, изјави Лазаров.
Целото интервју на Лазаров можете да го прочитате ТУКА.