Најдобриот македонски ракометар, а од минатата сезона и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денес доби свое мултифункционално игралиште, кое и официјално го пушти во употреба.




Во организација на Видеолотарија на Македонија, легендата на македонскиот и светиниколскиот ракомет Кирил Лазаров, автомобилскиот ас Иџе Стефановски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ЈКП Комуналец и други помагатели вчера беше пуштен во употреба овој велелетен проект во Свети Николе, насловен како мултифункционалното спортско игралиште ,,Кирил Лазаров “.









ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Лазаров како бренд амбасадар на Видеолотарија се потсети на своите почетоци, бидејќи токму на ова игралиште ги направи првите чекори. Сега со комплетното реновирање и беспрекорниот изглед, младите спортисти од Свети Николе ќе имаат одлични услови за надградба.



















