Дома Македонски спорт Лазаров: Во Европа немав проблеми да кажат дека сум неквалитен човек, како тука во Македонија

Лазаров: Во Европа немав проблеми да кажат дека сум неквалитен човек, како тука во Македонија

Македонскиот селектор, Кирил Лазаров во големо интервју за „Моцартспорт“ зборуваше за својата кариера како играч и сега како тренер.

Во интервјуто се зборува на повеќе теми, а во едно од прашањата, Лазаров вели дека дома во Македонија добива повеќе навреди отколку што тоа било случај во Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го ценам и почитувам клубот за кој сега работам. Неблагодарно е да се зборува сега за тоа, играв 22 години во странство, секаде по пет-шест години, бев константен на теренот, но и добар во односот со луѓето. Стекнав доверба во Загреб, во Веспрем, во Шпанија кај Талант во Алтетико, кај Пасквал во Барселона…Не останував само година-две, да направам некоја глупост па да заминам како секој Балканец. Кај мене доаѓаше до засистување од средината, па потоа одев понатаму.

Немав такви човчеки проблеми во Европа, како што имам во Македонија да те навредуваат и да кажат дека си неквалитетен човек“, зборува Лазаров.

Селекторот на Македонија е свесен дека е тешко да ги задоволите сите мислења.

„Секогаш велам дека не можете без нашите луѓе, а со нив е тешко. Атмосферата дома е поинаква, менталитетот е храната што те влече напред. Од друга страна, неверојатно е колку проблеми и пречки имате. Наеднаш се појавуваат, измислуваат дека си ваков, таков, дека не си добар човек. Потешко е да се работи во Македонија отколку во Франција и Шпанија, земји во кои живеев долго време. Тешко е да се задоволат сите“, смета Лазаров.

За првпат откри и дека Вардар во времето на Сергеј Самсоненко додека тој играл за Атлетико нудел повеќе пари од Барса за да го доведе, но шпанскиот тим бил сонот за Лазаров, па ја одбил понудата. Подоцна „коцките не се поклопиле“.

„Играв во Атлетико Мадрид, кога Сергеј Самсоненко ме повика да дојдам. Тој само што влезе во Вардар, а јас веќе имав потпишано за Барселона. Тоа беше тајна, никој не знаеше за тоа. Ми кажа дека ме сака во тимот, дека најдобриот македонски играч треба да биде во Вардар. Тој направи се за да бидам дел од клубот и проектот. Цел живот чекав, работев напорно за да играм за Барса, навивав за тој клуб. Затоа му реков: ‘Ти благодарам, сè е одлично, но ова е мојот сон’. А понудата на Вардар беше финансиски посилна. Останав четири години во Барселона. Нешто во мене ми кажа дека Барселона е шанса што не треба да ја пропуштам. Но, мило ми беше што ме покани. Подоцна немаше можност, дојде и Нант, Вардар почна да се распаѓа и така никогаш не го облеков дресот на Вардар“, се потсети Лазаров.

КОМПЛЕТНОТО ИНТЕРВЈУ НА ЛАЗАРОВ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…