Светското првенство во Русија беше обележано со вистинска лавина лажни вести кои се ширеа на друштвените мрежи.
Ваквите дезинформации се познати под терминот „fake news“, а со друштвените мрежи добија одлична платформа за глобално ширење, па понекогаш е навистина тешко да се разликуваат вистинските и лажните информации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу лажни информации кои се ширеа на интернетот беа поврзани со хрватската репрезентација. Посебно во фокусот беше Лука Модриќ и неговата трагична приказна од војната која беше малку „украсена“.
Да потсетиме, Модриќ на почетокот на војната бил приморан да го напушти својот дом и како бегалец да се пресели во Задар, а неговиот дедо бил убиен. Според една лажна вест дедотот на Модриќ бил убиен пред неговите очи, а се ширеше и приказна дека денешната ѕвезда на Реал Мадрид побегнал од концентрационен логор, пренесува шпанска „Марка“.
Набрзо потоа се појави вест дека Хрватите ги донирале своите премии за лекување на децата со посебни потреби, но ниту еден хрватски медиум, а ниту самите фудбалери не ја потврдија таквата информација.
Големо внимание привлече и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ. Со своето однесување таа беше доволна причина да се започне лавина лажни вест – од тоа дека го продала претседателскиот авион, па до тоа дека лично ги везела Хрватите на дочекот во Загреб.
Популарен стана и лажниот твит на англискиот репрезентативец Хари Мегвајер кој постигна гол против Шведска. Лажниот твит гласи: Што туку потрошив часови за сложување на столна лампа од ИКЕА. Ќе барам одмазд против Шведска, во овој или во следниот живот“.
Лажните вести не го одминаа ниту Диего Марадона која на свој начин ги следеше натпреварите на Аргентина. На натпреварот против Нигерија изгледаше како да се наоѓа на работ на срцев удар, а се појавија и снимки како го изнесуваат од ложата.
Марадона навистина таа вечер заврши во болница, но на интернет се прошири вест дека легендарниот Аргентинец починал. Ќе потсетиме, Марадона подоцна сам нудеше награда за пронаоѓање на човекот кој ја пласирал таквата информација.