Дома Фудбал Куферите со кои Чави допатува во Барселона не изгледаат како да е само на одмор

Куферите со кои Чави допатува во Барселона не изгледаат како да е само на одмор

Шпанските медиуми објавија дека Роналд Куман би можел да добие отказ на крајот на сезоната од Барселона, а како негова замена се споменува Чави Ернандез.

Куман пред неколку дена имаше состанок со Жоан Лапорта, но не се појавија повеќе информации за состанокот на тренерот и претседателот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Холанѓанецот ќе ја предводи Барселона и во последното коло од сезоната, по што најверојатно ќе мора да го напушти гигантот, а на негово место ќе седне Чави.

Лапорта, наводно, разговарал со првиот кандидат за тренер, кој доаѓа во Барселона на одмор, иако фотографијата која се појави на социјалните мрежи покажува дека поранешниот фудбалер на Каталонците изгледа како да се сели во поранешниот клуб.

Сепак, најавите од Шпанците дека навистина има преговори помеѓу Чави и Барселона се чудни затоа што Шпанецот неодамна го продолжи договорот со Ал Сад. Меѓутоа тука е и опцијата новиот договор на Чави да е продолжен само за Барселона да плати поголема оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал на мета на шпанските медиуми: Мора да направи исчекор ако ja сака Златна топка следната година.

Најпознатите шпански медиуми жестоко го критикуваа младиот Ламин Јамал по поразот на Барсе…