Дома Фудбал Италија Кутроне испиша историја: Ниту еден Италијанец не го направил ова!

Кутроне испиша историја: Ниту еден Италијанец не го направил ова!

Младиот напаѓач на Милан, Патрик Кутроне минатата сезона беше „откритие“, оваа сезона веќе е реалност и продолжува да ги тресе противничките мрежи.

Кутроне синоќа постигна гол протов Дуделанж и со тоа испиша нова историја. Имено, тој е најмладиот Италијанец во историјата кој постигнал 10 гола во Европа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кутроне до 10-те гола во Европа стигна на само 20 години 10 месеци и 26 дена и со тоа ги надмина легендите како Роберто Бетега, Алесандро дел Пјеро, Сандро Мацола…

Интересно, УЕФА официјално му го запиша на Кутроне и вториот гол на мечот, но напаѓачот призна дека не ја допрел топката, па потоа голот беше запишан како автогол.

Италија и Милан дефинитивно добија голем напаѓач за во иднина!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веќе се познатите кандидатите за нов стратег на Јувентус: Ова се тренерите кои може да го наследат Тудор!

Игор Тудор ја заврши својата авантура како главен тренер на Јувентус. Хрватот ги одведе во…