Изгледа дека сагата околу Кутињо добива свој крај. Бразилецот постигнал договор со Ливерпул.
Според информациите на Мирор, но и дел на шпанските медиуми, тој ќе остане до лето со „Црвените“, додека не пристигне Наби Кеита, но и добил ветување дека ќе биде продаден во Барселона. Сумата не се споменува, но би требало да не биде помала од 130 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клоп ќе бара уште солуции за средниот ред, бидејќи и Емре Чан е на излезните врати на Енфилд.
Една од опциите кои ги нуди Јувентус е во договорот за трансфер на Чан да биде вклучен Клаудио Маркисио, кој е незадоволен од статусот во тимот.
Се на се, Клоп и Ливерпул ги очекува уште еден бурен трансфер период.