Филипе Кутињо преку својот агент му порачал на Јирген Клоп дека сака да се врати во Ливерпул, после неуспеѓната авантура во Барса и Баерн.
Кутињо оваа сезона играше на позајмица во Баерн, но германскиот клуб официјално потврди дека нема да го откупи неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека за него повеќе нема место во Барселона, па Кутињо бара нов клуб, а најголема желба му е да се врати на „Енфилд“.
Бразилецот во 2018 година на негово инсистирање си замина од Ливерпул за рекордни 160 милиони евра, а сега моли да се врати на „Енфилд“.
Тој лично го молел Јирген Клоп да му даде нова шанса, па дури е спремен драстично да ја намали платата за да се врати во Ливерпул.
Сепак, мали се шансите Ливерпул да го врати Кутињо бидејќи не е спремен да ја плати сумата која ја бара Барселона.
Philippe Coutinho hatches a plan to secure a return to Liverpool and the latest on Jadon Sancho's future on a packed @sundayworld back page #LFC #MUFC pic.twitter.com/zQ8iycYUwK
— Kevin Palmer (@RealKevinPalmer) June 13, 2020