Дома Фудбал Останато Кутињо и да може да игра нема да настапи за Барселона поради бизарна причина

Кутињо и да може да игра нема да настапи за Барселона поради бизарна причина

Фелипе Кутињо оваа сезона повеќе нема да игра за Барселона, но неговата повреда не е единствената причина.

Кутињо е повреден и се опоравува од повредата на коленото со која се здоби на почетокот на годината. Меѓутоа и да се опорави веројатно нема да го гледаме на теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причината поради која Роналд Куман нема да го вклучува во составот е по малку и бизарна, но ситуацијата во Барселона е таква. Имено, клубот нема да има пари да ги исплати бонусите кои ги би остварил Бразилецот, барем така пишува каталонскиот „Спорт“.

Според клазулата во договорот кога Кутињо од Барса премина во Ливерпул, Барселона ќе треба да плати на „црвените“ уште пет милиони евра ако Кутињо настапи уште на седум натпревари. Сезонава до сега одигра 12.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…