Белгискиот голман Тибо Куртоа не го интересираат премногу критиките кои ги добива од кога стигна во Реал Мадрид.
Ќе потсетиме тој во Мадрид пристигна летото 2018 година и успеа од клубот да го „избрка“ Кејлор Навас кој до пред неговото доаѓање беше прв голман. Сепак, Куртоа не ја оправда големата сума вложена во него и се соочи со големи критики. Сега во интервју за „АС“ изјави дека тие критики не го интересираат премногу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не читам весници, ме интересира само тоа што ми го кажува мојот тренер или соиграчите, оние кои знаат што значи да се биде голман. Не се сомневам дека сум еден од најдобрите во светот, понекогаш баш и поради тоа ме критикуваат. Мирен сум, тренирам, имав добри одбрани против Селта, Севиља, Атлетико, но и во другите натпревари“, изјави Куртоа.
Куртоа ја има поддршката од Зидан.
„Бранам на добро ниво и мора така да продолжам. Зидан ми кажа да останам сконцентриран. Секогаш веруваше во мене. Повеќе би сакал победа од 4:3 отколку реми со 0:0, иако за еден голман секогаш е подобро да не прими гол. Подобро е да ја зачувате мрежата бидејќи медиумите ве следат во секој чекор и ги анализираат сите натпревари“, смета белгискиот чувар на мрежата.