Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Куртоа за една вечер ми пружи повеќе отколку Де Брујн за три години“…На повидок тимски хаос во селекцијата на Белгија!

„Куртоа за една вечер ми пружи повеќе отколку Де Брујн за три години“…На повидок тимски хаос во селекцијата на Белгија!

de bruyne curtoa

Ако денот по утрото се познава, ова не најавува ништо добро!

Белгија беше првата европска селекција која обезбеди пласман на Мундијалот. Слободно можеме да кажеме дека се прошетаа во квалификациите каде што играа во група со Грција, Бозна, Естонија, Кипр и Гибралтар. Белгијците имаа учинок од девет победи и една нерешена средба, без ниту еден пораз со гол разлика 43:6.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради индивидуалниот квалитет на поединци Белгија секако има потенцијал за висок дострел, но прашање е како ќе функционира тимскиот дух после последните случувања.

Што се случило?

Имено, поранешната девојка на Кевин Де Брујн за познат таблоид ја даде следната изјава:

„Тибо Куртоа за една вечер ми пружи повеќе отколку Де Брујн за три години“.

Според ваквата изјава изгледа дека на Куртоа не му претставува проблем да се забавува со девојките на своите пријатели (секако доколку сето ова е вистина).

Да потсетиме и дека неодамна поранешниот селектор на Белгија, Марк Вилмотс го обвини Куртоа и неговиот татко дека ги откривале неговите планови на противниците, па јасно дека тимската атмосфера и тоа како би можела да биде нарушена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…